Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Република Словенија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец.

Амбасадорот Јазбец му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој ги потенцира одличните односи меѓу двете земји и решеноста на Република Словенија максимално да и помогне на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската унија. Во тој правец е и поддршката за македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на јужната граница, кои и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Словенија и изрази уверување дека таа во иднина ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, за што од голема полза ќе биде и помошта од пријателските земји каква што е Република Словенија. Крајната цел на реформите, потенцира Спасовски, е полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Словенија доби нова влада, Јанша е премиер

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Словенија забрани слетување на израелски авион, летот беше пренасочен кон Хрватска

А1он

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи