Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на ОБСЕ Соумалејнен

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалајнен.

Како што соопштија од МВР амбасадорката му го честитала изборот на Спасовски и му посакала успешна работа. Таа понудила и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи.

– Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со ОБСЕ и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна, стои во соопштението.

Министерот потенцирал дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата и нагласил дека МВР треба да се декриминализира и департизира со цел да се обезбеди простор на професионалците.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски