Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорот на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата, соопштија од МВР, министерот Спасовски и амбасадорката Тигањ ја потенцирале одличната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, досегашната, но и поддршката на која можеме да сметаме и во наредниот период од страна на Република Хрватска во процесите за започнување на преговори со Европската Унија.
– Стана збор и за начините за справувањето со илегалната миграција и соработката со цел поефикасно справување со обидите за илегален влез на мигранти, се наведува во соопштението од МВР.