Османи: Младите се важен дел од евроинтеграциите и Берлинскиот процес

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претставници на младите од различни институции и организации во Северна Македонија со цел размена на мислења и отворање на дискусија поврзани со младински политики и нивната инклузија во актуелни процеси на национално и регионално ниво.

„’Ништо не може да се одлучи за нас – без нас’!“, Ова е одлично мото на младите со кое јас се согласувам и му придавам големо значење. Денес сме собрани токму на оваа тема – инклузивноста на младите и во регионалните процеси, но особено во процесот на европско интегрирање“, истакна Османи, посочувајќи притоа на важноста на младинската регионална соработка како важен елемент во процесот на помирување во Регионот, надминување на старите предрасуди и силен двигател на европските вредности.

На средбата се разговараше и за иницијативите и очекувањата од заедничкото ко-претседавање меѓу Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, а кои се најмногу насочени кон младите.

„Нашето заедничко претседателство со Берлинскиот процес, оваа година одлучи темата млади да биде силно застапена како хоризонтална тема и истата да биде вклучена на настани во различни области. Важноста на младинската регионална соработка е препознаена како важен елемент на процесот на помирување во Регионот, надминување на старите предрасуди и силен двигател на евроските вредности и духот на соработка, доверба и взаемно почитување“, нагласи Османи.

Oд сите учесници беше констатирано дека за Регионот најважна е соработката на сите полиња од заеднички интерес и изнаоѓање на заеднички решенија за спречување на „одливот на мозоци“ и млади таленти од Регионот.

„Треба да создадеме можности кои ќе ја поттикнат младинската партиципација и претприемништво, потребно е да го модернизираме образованиетои да придонесеме, наместо одлив на мозоци истите да циркулираат во Регионот и нивна целосна социјална и економска инклузија“, додаде Османи.

На средбата присуствуваа и Амбасадорот на Република Бугарија во РСМ, Aнгел Ангелов, Евроамбасадорот, Дејвид Гир, раководител на канцеларијата на РИКО во Скопје, Алберт Хани, како и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски кои имаа свои воведни обраќања.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Горан Наумовски

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов