Средба на министерот Маричиќ со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Која

Од:

Успешната имплементација на Стратегијата за реформи за правосудството и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и човекови права претставува вистински предизвик за земјава, оцени министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата се дискутираше и околу зајакнувањето на одговорноста на судиите и обвинителите и најавениот ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил.

– Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Мисијата на ОБСЕ во клучните реформски области и експертската поддршка во изработката на Законот за кривична постапка, Кривичниот законик, Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела сторени со насилство, а секако и Изборниот законик, се наведува во соопштението.

Притоа, Маричиќ истакнал дека поддршката од Мисијата на ОБСЕ ја унапредува заштитата на човековите права во Северна Македонија, а со тоа и ја доближува во исполнувањето на европските стандарди.

Би можело да ве интересира

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески