Средба на министерот Манчевски со евроамбасадорот Жбогар

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека министерот Дамјан Манчевски вчера остварил средба со евроамбасадорот Самуиел Жбогар и претставници на Делегацијата на Европската унија.

Од страна на министерот Манчевски е презентиран планот за работа на Министерството, при што тој ја потенцирал подготвеноста за спроведување на реформи коишто се во согласност со европските вредности и начела.

На средбата е разговарано и за натамошната соработка и споделување на позитивните практики во областа на информатичкото општество, администрацијата и медиумите. Соговорниците разговарале и за максимизирање на искористеноста, како и за зајакнувањето на импактот на ИПА фондовите, во насока на приближување на земјата кон интеграцијата во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски