Средба на министерот Џафери со косовскиот амбасадор во Скопје

Од:

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери денеска се сртена со косовскиот амбасадор во Македонија Илбер Хиса на која, според соопштението од Министерството за одбрана, станало збор за одличната соработка помеѓу двете земји на полето на одбраната и безбедноста.

– Од страна на министерот Џафери е истакната и подготвеноста на Република Македонија да даде поддршка во јакнењето на одбранбените институции на Република Косово преку пренесување на искуствата поврзани со реформските процеси во Армијата на Република Македонија, едукацијата и изработката на стратегиски документи. Како позитивен пример за одличната соработка беше истакнато школувањето на четворица питомци од Република Косово на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, активност за која е изразена подготвеност да продолжи и во иднина, се вели во соопштението.

На средбата станало збор и за расположливите национални капацитети кои се понудени на регионално ниво како што се Воено медицинскиот центар, АП „Криволак“, Регионалниот тренинг центар за комуникации и др.

Соработката помеѓу Република Македонија и Република Косово во таа област датира од 2010 година кога беше потпишан Меморандумот за соработка од областа на одбраната со кој беа опфатени безбедносната и одбранбена политика, процесите на планирање, програмирање, буџетирање и извршување, медицинската обука, вежбовните активности, образованието и др. Планот за билатерална соработка за 2013 година содржи поголем број активности и обуки во духот на регионалната соработка и концептот „паметна одбрана“, соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори