Средба на министерот Џафери со аташето на Швајцарската конфедерација, полковникот Видмер

Од:

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери денеска се сретна со одбранбеното аташе на Швајцарската Конфедерација за Македонија, полковникот Маркус Видмер.

На средбата во Министерството за одбрана, организирана по повод заминувањето на полковникот Видмер од досегашната позиција, соговорниците се согласиле дека голем дел од планираните проекти се реализирани во целост.

– Споменати беа проектите поврзани со Военомедицинскиот центар, Регионалниот центар за односи со јавноста, како и алпинистичката обука која се реализира во моментно на терен близу Демир Капија, која министерот Џафери ја окарактеризира како исклучително квалитетна и потребна, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он