Средба на министерот Џафери со американскиот амбасадор и со шефот на Канцеларијата на НАТО

Од:

Потврда за одличната одбранбена соработка на Република Македонија со САД и НАТО е изнесена на одвоените средби што министерот за одбрана Талат Џафери ги имаше денеска со амбасадорот на САД Пол Волерс, и со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, полковникот Александар Александров.

На средбата на министерот Џафери со амбасадорот Волерс стана збор за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и САД, како и за начините на нејзиното идно продлабочување во контекст на реформските процеси во Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана, големиот број заеднички проекти, поддршката за опремување на АРМ, едукацијата… соопшти Министерството за одбрана.

Воедно, на средбата уште еднаш е реафирмирано и стратегиското партнерство помеѓу двете земји, особено во областа на одбраната, со цврсти заложби за негово уште поголемо развивање во иднина.

На првата официјална средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, министерот Џафери, од страна на полковникот Александров подетално бил запознаен со улогата на Канцеларијата во поддршката за реализирање на одбранбените реформи во Министерството и АРМ, а истовремено истакната и подготвеноста за продолжување на блиската соработка помеѓу Министерството за одбрана и Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он