Средба на министерот Димитров со новоназначениот претставник на СЗО во Македонија

Од:

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со новоназначениот претставник на Светската здравствена организација др. Жихан Тавила, која го предаде писмото за нејзиното именување на оваа функција во Република Македонија.

Двајцата соговорници размениле мислења за доменот на работа на Светската здравствена организација, досегашната и претстојната соработка на Република Македонија со оваа специјализирана агенција на ОН, како и за актуелните услови и приоритети во рамки на македонската здравствена политика.

Министерот Димитров ја истакнал подготвеноста на Министерството за надворешни работи и ресорните институции за натамошно унапредување на соработката во насока на спроведување на стандардите на Светската здравствена организација во македонскиот здравствен систем.

Би можело да ве интересира

Бројот на смртни случаи од ебола расте: СЗО прогласи вонредна состојба

Гебрејесус: Живееме во тешки, опасни времиња

А1он

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски