Димитров се сретна со Хелбах и Осовски од германското МНР

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари работна средба со ополномоштеникот на Сојузното министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристиан Хелбах и со ополномоштеникот за ЕУ политики, Томас Осовски, кои престојуваат во работна посета на Република Северна Македонија.

Во фокус на разговорот беа постигнатите резултати и очекувањата за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија, пред сѐ во однос на процесот на интеграција на земјата во Европската унија.

Во тој контекст, министерот Димитров ги запозна соговорниците за севкупниот напредок на Република Северна Македонија и позитивната атмосфера создадена во последните 20-тина месеци во насока на унапредување на општествените процеси и доброто владеење.

Министерот Димитров посебно се осврна на веќе оствареното во делот на клучните реформски области – реформата на безбедносните служби, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во правосудството и реформата на јавната администрација – како и за она што дополнително е планирано да се испорача во наредниот период. Тој укажа и на резултатите во надворешната политика и добрососедските односи на земјата, преку постигнатите Договори со Бугарија и Грција и нивното позитивно влијание во Регионот, Европа и пошироко.

Министерот Димитров притоа изрази благодарност за досегашната поддршка од Германија како наш исклучително важен партнер и изрази очекување дека истата ќе продолжи во насока на донесување одлука во јуни за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

Од страна на соговорниците беше поздравен направениот напредок и реафирмирана цврстата поддршка на Германија за европската интеграција на земјата. Во таа смисла беше изразено и очекување дека Владата на Северна Македонија ќе продолжи да вложува дополнителни напори за задржување на позитивниот реформски тренд и продлабочување на имплементација на донесените реформи.

Би можело да ве интересира

Димитров – Рикер: Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат

Ана Ололовска

Рикер се сретна со Димитров

Ана Ололовска

Рикер во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Ана Ололовска

Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи

Ана Ололовска

Димитров: Прашањето за статусот на СЈО да се затвори за 100-процентна шанса за датум во октомври

Ана Ололовска

Чавушоглу: Ние сме природни сојузници, а сега веќе ќе бидеме партнери и во НАТО

Ана Ололовска