Средба на министерот Димитров со амбасадорите на Словенија и Хрватска

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари заедничка работна средба со амбасадорите на Словенија и Хрватска, Милан Јазбец и Даниела Баришиќ. Во својство на коорганизатори, тие му врачија на министерот покана за учество на Министерскиот состанок што в сабота, 3 јуни, ќе се одржи на маргините на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ во Брдо, Република Словенија.

– Воедно, амбасадорите му упатија срдечни честитки на министерот Димитров и му посакаа успех во извршувањето на функцијата. Тие изразија уверување дека ќе ја има нивната конструктивна поддршка во остварувањето на евроатлантските и европските цели како врвни надворешно-политички приоритети на Република Македонија. Соговорниците изразија задоволство од нивото на билатералните односи кои се пријателски и без отворени прашања, а разменија и мислења за идните активностите кои ќе се преземат во насока на зајакнување на соработката на билатерален, мултилатерален и регионален план, информира Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

А1он

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Јанша: „Нашето општество сè уште е подложно на пропаганда“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он