Средба на министерот Дамјан Манчевски со претставници на Синдикатот на УПОЗ

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денес оствари работна средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ, која се одржа во Охрид.

На средбата претставниците од Синдикатот ги презентираа нивните предлози во однос на измени на Законот за административни службеници, кои се однесуваа на потпишување на колективен договор, промена на работно време, елиминирање на политички притисоци врз вработените во јавната администрација и унапредување на мерит системот.

Министерот Манчевски изрази поддршка за барањата на Синдикатот и најави редовна комуникација и соработка со Синдикатите во однос на унапредување на правата на вработените во јавната администрација, како и за подобрување на ефикасноста на работата на јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов