Средба на министерот Бесими со странските одбранбени аташеа

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во касарната „Илинден“ ќе има средба со странските одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија.  На средбата ќе присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.

Средбата има традиционален карактер и на неа одбранбените аташеи ќе се запознаат со процесите на трансформација и реформи во АРМ и во Министерството за одбрана и ќе се информираат за регионалните иницијативи и проекти од тој ресор.

По повод акцијата „Ден на дрвото“, министерот Бесими и странските одбранбени аташеа ќе засадат садници во кругот на касарната.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он