Средба на министерката Шекеринска со британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан

Од:

Во Министерството за надворешни работи и Kомонвелт, министерката Шекеринска имаше средба со министерот за Европа и Америка, сер Алан Данкан.

На средбата со Министерот, инаку добар познавач на состојбите во Македонија, министерката се заблагодари за континуираната британска поддршка во имплементацијата на реформските евро-атлантски процеси. „Работиме на суштински внатрешни реформи како и на подобрување на односите со соседите. Тоа се сложени процеси, кои бараат политичка волја, време, но и постојана поддршка од нашите сојузници’’, рече министерката.

Министерот Данкан истакна дека Велика Британија продолжува да ја поддржува Република Македонија во нејзината интеграција во НАТО и Европската Унија напомнувајќи дека Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во 2018 во Обединетото Кралство претставува одлична можност да се покаже напредокот на Македонија во повеќе области. Додаде дека е свесен дека сите промени не можат да се случат одеднаш, но важно е да постои континуиран и одржлив напредок.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Уцени во британската политика, истражителите се сомневаат дека тоа е дело на кинеските служби

„Тајмс“: Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд

Велика Британија е подготвена за секое сценарио за време на посетата на Трамп

Стармер на удар поради неговиот однос кон женските помошнички

Горан Наумовски