Средба на Милевски со претседателот на Сенатот на Романија, Таричану

Од:

Денес, претседателот на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП), Горан Милевски на маргините на конференцијата „Западен Балкан – интегрален дел од обединета Европа”, оствари средба со претседателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску Таричану.

На средбата се разговараше за продлабочување на регионалната соработка, потребата од забрзување на процесот на приближување на земјите од западен Балкан во европското семејство, како и за подобрување на соработката помеѓу парламентите од двете држави.

Соговорниците дискутираа и за романските напори за сузбивање на корупцијата на владините претставници и за начинот на спроведување на реформите на правосудните органи.

Конференцијата „Западен Балкан – интегрален дел од обединета Европа” е организирана од страна на фондацијата Либерална интеграција и бугарската партија Движење за правата и слободите. Република Бугарија од 1-ви јануари го презема претседавањето со Европската Унија, што е важно за придвижување на процесите на интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови