Средба на Мицкоски со британскиот министер Данкан

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (18 септември 2018-та година) оствари средба со министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.

На средбата соговорниците говореа за актуелните политички случувања во Македонија, евроатлантските интеграции на државата и претстојниот референдум за договорот со Грција.

На средбата се потенцираше и значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија. Мицкоски порача дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО е од стратешки и државен интерес.

Мицкоски го реафирмираше ставот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати Договорот со Грција, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој договор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори и ставот дека граѓаните на Македонија имаат доволно политичка зрелост и се достоинствени за сами да донесат одлука како ќе постапат на 30-ти септември.

Соговорниците се согласија дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство се силно развиените, но беше истакната и потреба од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче