Средба на Груевски и Иваниќ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес, заедно со Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

„Двајцата соговорници позитивно ги оценија односите меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемно пријатество и разбирање.

Груевски го запозна својот соговрник со аспектите на политичката криза и позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања и начините за надминување на предизвиците.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата договорена во соседна држава од премиерот на Албанија Рама од Тирана и негативните последици што се предизвикуваат од таквото мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство.

Беше посочено дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо што Тиранската Платформа стана основа за договор и функционирање на владата договорена од СДС, платформа која не беше понудена на избори со што практично се прави изборна измама на граѓаните.

Беше истакното дека ВМРО-ДПМНЕ е за зачувување на унитарноста, граѓанскиот карактер и почитување на правата и принципиелна поддршка на сите заедници во државата, и соживот меѓу Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите Власите, Бошњаците и останатите.

Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека единствениот начин за излез од политичката криза, и постигнување на стабилност е спроведување на брзи парламентарни избори, заедно со редовните локални избори каде граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската Платформа која ја прифати СДС“ известија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал