Средба на Груби со директорот за ЈИЕ во австриското МНР и Амбасадорот Бауер

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби се сретна со Хајди Гуерер, директор за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Австрија и со австрискиот Амбасадор Мајкл Бауер.

На средбата, соопшти ДУИ, се разговарало околу политичката криза во Македонија, безбедносната ситуација во земјата, Виенската конференција и Евроатлантската интеграција на Македонија.

Груби ги запознал гостите за ставовите на претседателот на ДУИ Али Ахмети во политичкиот дијалог помеѓу лидерите на четирите најголеми партии во земјата и ги претстави конкретните напори на партијата за побрз излез од длабоката политичка криза што ја зафати земјата.

– ДУИ се обидува да биде конструктивен дел на што побрзо решавање на политичката криза и истовремено да не придонесе за продлабочување на кризата, стои меѓу другото во соопштението од оваа партија.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата