Средба на Државниот секретар во МНР Виктор Димовски со кинеската амбасадорка Јин Лисјен

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски денеска имаше средба со амбасадорот на НР Кина во РМ, Јин Лисјен.

Димовски информираше за активностите на Република Македонија на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите на Централна и Источна Европа (Процес 16+1). Во тој контекст беа споменати инфраструктурните проекти презентирани од премиерот Зоран Заев на билатералната средба со кинескиот премиер Ли Кечјанг. Воедно, Димовски информираше и за билатералните средби на премиерот Заев и придружната делегација, на маргините на Самитот.

Амбасадорот Лисјен ја потврди поддршката на НР Кина за имплементација на инфраструктурните билатерални проекти од интерес на Република Македонија. Воедно по повод јубилејот, пет годишнината од соработката во рамките на Процесот 16+1, го претстави документот „5-годишна листа на резултати од процесот за соработка на Кина со земјите на Централна и Источна Европа“ од 28.11.2017 година.

Би можело да ве интересира

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

Си Џинпинг „грми“: Апсолутно нема да толерираме независност на кинескиот регион Тајван

САД и Израел се виновни за блокадата на Ормутскиот тесенц, обвини Кина

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски