Средба на Државниот секретар во МНР Виктор Димовски со Бригадниот генерал на Армијата на Словенија, Милко Петек

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски денес оствари средба со Бригадниот генерал на Армијата на Словенија, Милко Петек кој престојува во работна посета на Република Македонија.

На средбата, Државниот секретар Димовски, изрази задоволство поради ревитализирањето на фокусот на НАТО во Регионот на Југоисточна Европа и потврдената посветеност на Алијансата за политиката на отворени врати врз основа на индивидуалните заслуги на земјите аспиранти. Во овој контекст, тој изрази благодарност и за континуираната поддршка од страна на Словенија за остварување на нашите аспирации за евро – атланската интеграција на Република Македонија.

Бригадниот генерал Петек ја потврди отворената поддршка на Словенија за остварување на стратешките определби на нашата земја за членство во НАТО и воедно ги поздрави активностите на Владата на Република Македонија на реформски план, како и за натамошно унапредување на односите и соработката со земјите од непосредното и поширокото соседство.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски