Средба на директорот на БЈБ Тасевски со претставници на словенечката полиција

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска во Љубљана оствари работна средба со генералната директорка на словенечката полиција Татјана Бобнар.

Како што соопшти МВР, на средбата биле потенцирани одличните односи меѓу полициите на двете земји, особено поддршката што словенечката полиција и ја дава на македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на македонско-грчката граница, заедно со уште неколку контингенти од други пријателски земји.

-Двајцата соговорници потенцираа дека одличните односи и соработка и во иднина ќе се надградуваат. Директорот Тасевски се сретна и со 30 полицајци од словенечкиот контингент кои во наредната ротација ќе дојдат во Република Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он