Средба на Ахмети со полскиот амбасадор Мултаноњски

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата се сретна со новиот амбасадор на Полска во Македонија, Јацек Мултаноњски со кого разговарале за политичките случувања во земјата, евро-атлантската интеграција на Македонија и решавањето на прашањето за името.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети му честита на амбасадорот Мултаноњски за именувањето на полскиот премиер, Доналд Туск, за претседател на Советот на Европа и изрази уверување дека новиот дух во Брисел ќе го интензивира политичкото вниманието на ЕУ кон Македонија и регионот.

Полскиот Амбасадор ја истакна поддршката на неговата земја за евро-атлантската интеграција на Македонија и охрабри за надминување на билатералните прашања кои ја попречуваат интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

Ахмети, се наведува, оцени дека Македонија ја има поканата за членство во НАТО уште од 2008 година, но за да се реши ова прашање, потребно е да се најде решение за спорот за името што е можно поскоро. Успехот на овој процес видливо ќе влијае во релаксација на меѓуетничките односи, одржливот мир, безбедноста и стабилноста, како и економскиот развој.

Ахмети и Полскиот Амбасадор разговараа и за меѓуетничките односи и за реформите кои се потребни за усогласување со европските стандарди, стои во сооштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански