Средба на Ахмети со европратеникот Ховит во Брисел

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во Брисел се сретна со пратеникот од Европскиот Парламент Ричард Ховит, известувач во ЕП за Македонија.
На средбата се разговарало за извештајот на Комисијата за проширување на ЕУ, за напредокот на Македонија, како и околу координацијата на активностите по извештајот и до декемврискиот самит на Советот на Европа.

Како што соопшти денеска ДУИ, Ахмети ја нагласил потребата за мобилизација на сите институции на Европската Унија и за координација на активностотите со САД и НАТО во правец на конечната стабилизација на регионот и интеграција во НАТО и ЕУ.

– Претседателот Ахмети побара директно вклучување на Брисел во процесот на постигнување решение како што се ангажираа и во дијалогот помеѓу Приштина и Белград, но и постигнувањето на договорот од 1 март во Македонија, стои во соопштението.

Европратеникот Ховит ветил целосна негова поддршка и на пријателите на Македонија за европската перспектива на земјата и нагласил дека локалните власти треба да им помогнат на пријателите во Брисел за да се постигне посакуваниот успех. Тој ја нагласил потребата за поголемо влијание во врска со дијалогот со медиумите и новинарите.

Како што најавија од ДУИ, попладнево Ахмети ќе го посети и белгискиот Парламент каде што ќе се сретне со претседателот на белгиската парламентарна комисија за надворешни работи Ксавиер Де Донеа.

Утре, делегацијата на ДУИ, во чиј состав се и Фатмир Бесими и Артан Груби, ќе престојува во Париз.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми