Средба на Ахмети со евроамбасадорот Орав

Од:

Политичките случувања во земјава, законските измени, извештајот за напредокот и судскиот процес Монструм беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и евроамбасадорот Аиво Орав во седиштето на партијата во Тетово.

Амбасадорот Орав, посочуваат од ДУИ, истакнал дека средбата служи за размена на мислења пред објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и за да се видат ставовите на ДУИ за случувањата во земјата.

Претседателот Ахмети, пак, зборувал за важноста на решавањето на прашањето за името, искажувајќи уверување дека новиот тим во Брисел ќе ги интензивира напорите за да помогне во решавањето на спорот што ќе ни овозможи добивање на датум за почеток на преговорите. Тој изразил уверување дека извештајот за напредокот ќе биде реална слика на состојбата во земјата и ќе ја содржи препораката за добивање на датум.

Соговорниците исто така разговарале и за процесот на уставните измени, а во врска со измените на Кривичниот законик со цел да се спречи учеството на нашите граѓани во странски конфликти, Ахмети истакнал дека ДУИ се ангажира против било каков вид на екстремизам и злоупотреба на религијата за индивидуални или групни интереси. За отсуството на опозицијата од Собранието, претседателот на ДУИ рекол дека СДСМ и ДПА треба да го почитуваат својот дел од одговорноста за иднината на земјата и да се вратат во Парламентот што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците