Средба на Ахмети со директорот за политички прашања во шведското МНР

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска се сретна со генералниот директор за политички прашања на Министерството за надворешни работи на Шведска Торбјорн Солстром и шведскиот амбасадор во Македонија Матс Стафансон.

ДУИ соопшти дека Солстром изразил интерес за процесот на евроатлантска интеграција на Македонија и за преговорите за формирање нова влада. Тој ја поздравил посветеноста на Ахмети за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Солстром ветил дека Шведска ќе се ангажира да помогне во процесот на интеграција на Македонија во евроатлантските структури, изразувајќи надеж дека што поскоро ќе се постигне компромис со јужниот сосед.

– Ахмети му се заблагодари на шведскиот гостин за континуираната поддршка од 2002 година и истакна дека време е за голем ангажман на меѓународната заедница за постигнување решение за спорот со Грција. Меѓународните пријатели и домашите политики не треба да дозволат да се вратиме назад и заедно треба да ја заштитиме нашата голема заедничка инвестиција во Македонија, информира партијата.

Лидерот на ДУИ изразил уверување дека позитивен пресврт во регионот може да се направи само со помош на меѓународната заедница и со храброста на домашните политичари, бидејќи, како што е наведено, се става во прашање стабилноста, безбедноста и економскиот развој на Македонија.

– Последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц претставува добра основа за постигнување компромис и сега по завршувањето на изборите во Македонија и Грција, страните треба што е можно поскоро да седнат и да разговараат за оваа идеја. Секое задоцнување за реализација на идејата претставува опасност за земјата и регионот, стои во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците