Средба на Ахмети со делегација од Холандија, Белгија и Луксембург

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска прими делегација од претставници на министерствата за надворешни работи на Холандија, Белгија и Луксембург.

На средбата Ахмети се заблагодарил за изразениот интерес околу политичките и општествените случувања во Македонија.

– Гостите беа заинтересирани околу евроатлантската интеграција на Македонија, решавањето на спорот со името, меѓуетничките односи, владеењето на правото, феноменот на учеството на поединци од Балканот и другите земји од Европа во конфликтите во Сирија и Ирак како и дипломатска кампања на претседателот Ахмети во САД и Европа, соопшти ДУИ по средбата.

Според соопштението, Ахмети се осврнал на значењето на евроатлантската интеграција на државата, меѓуетничките односи и ги претставил промените на Кривичниот Законик што предвидуваат санкции против иницијаторите за учество во странски конфликти и истакна дека екстремизмот од било кој вид нема место во нашето општество.

Претседателот на ДУИ на средбата го повторил повикот до опозицијата да се врати во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата