Средба на Ахмети со американскиот амбасадор Бејли

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли. Средбата, како што информираат од ДУИ, се одржа во  Американската резиденција во Скопје.

Двајцата соговорници, стои во соопштението, разменија мислења за последните случувањата во правец на спроведувањето на Скопскиот договор за крај на кризата, но и за евроатланската интеграција и предизвиците со верскиот екстремизам и учеството во странски конфликти како и американските инвестиции во Македонија.

Ахмети ја потврди итноста за враќање кон нашата заедничка политичка и општествена агенда за решавање на прашањето за името, како единствена пречка за членството на Македонија во НАТО.

Во соопштението додаваат дека евроатланскиот процес е апсолутен геостратешки приоритет и нема друга алтернатива за Македонија.

Ахмети, како што наведуваат,  ја изрази својата загриженост за проширување на странски идеологии во земјава и во регионот и изрази уверување дека граѓаните ги одбиваат овие обиди да се инсталираат странски убедувања во нашата култура и традиција.

Ахмети ја истакна својата благодарност кон американските компании кои одлучиле да инвестираат во зоните во Тетово, Струга, Кичево и изрази подготвеност да им помогне на нив и на другите потенцијални американски инвеститори во овие зони.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански