Средба на Ахмети со амбасадорот на Франција Тимоние

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети денес во Скопје оствари средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Соговорниците разговараа околу локалните избори, политичката ситуација, реформските процеси во Македонија како и Евроатлантската интеграција на земјата.

Претседателот Ахмети го повтори ставот за пресудата за случајот Куманово кој вклучува меѓународна истрага, Анкетна Комисија во Собранието и целосно осветлување на вистината.

Во однос на реформите, Ахмети рече дека ДУИ останува посветена да ги води реформите во Собранието и во Владата како предуслов за продолжување на реформскиот процес со истиот интензитет по завршувањето на изборите.

Ахмети говореше и за интензивирање на напорите за надминување на споровите со соседите и отварање на нашиот пат кон Брисел. Периодот пред нас припаѓа на спроведувањето на политиките кои се поддржани од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран