Средба на Ахмети со амбасадорката Шурман во Тетово

Од:

Во седиштето на Демократската Унија за интеграција во Тетово (ДУИ), денеска претседателот на партијата Али Ахмети, имаше средба со Мариет Шурман, Амбасадорка на Кралството Холандија во Македонија.

Амбасадорката Шурман изразила интерес околу активностите на Ахмети и на ДУИ во врска со интеграцијата на земјата во НАТО и во Европската Унија, вклучувајќи ги и интензивните средби со претставници на меѓународната заедница, писмата испратени до проминентни имиња на меѓународната политика, иницијативата за поттикнување јавна дебата за потребата за постигнување компромис, како и за решавање на прашањето за името.

Како што соопшти денеска ДУИ, лидерот на партијата Ахмети ги нагласил очекувањата дека меѓународната заедница ќе ги интензивира напорите пред самитот на ЕУ во декември, страните да седнат на разговарачка маса и да започнат директен дијалог што ќе овозможи компромис и изнаоѓање решение. Ахмети побарал и продолжение на директниот ангажман на Холандија, како членка на НАТО и ЕУ, за изнаоѓање решение за спорот со името за да Македонија стане полноправна членка на Алијансата и ЕУ.

– Агендата на ДУИ за земјата предвидува целосна имплементација на Охридскиот договор, здрави меѓуетнички односи, добри меѓусоседски односи, интеграција во НАТО, интеграција во ЕУ, и економски развој. Сите што ги поддржуваат овие точки и сакаат Обединета Европа и мир и стабилност во регионот, што се постигнува само преку станување дел на НАТО, треба да ги унапредат конкретните напори за да се постигнат овие цели што е можно поскоро, стои во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он