Средба на Ахмети со амбасадорката Штајнакер

Од:

Во седиштето на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), претседателот на партијата Али Ахмети имаше средба со германската амбасадорка во Скопје, Гудрун Штајнакер и со заменик амбасадорот Ханс Хелге Зандер.

Амбасадорката на Германија изразила интерес околу посетите на Ахмети во регионот и за политичките актуелности во земјава, при што, соопшти ДУИ, соговорниците се задржале на потребата за изнаоѓање компромис околу прашањето со името со јужниот сосед Грција.

Штајнакер нагласила дека Германија го поддржува постигнувањето компромис помеѓу Македонија и Грција, како и интеграцијата нашата земја во НАТО и Европската Унија.

Ахмети меѓу другото ја информирал амбасадорката Штајнакер за подготвеноста на Тирана и на Софија да дадат поддршка за интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Тој нагласил дека е потребна поголема ангажираност од официјален Берлин, но и од Европската Унија, во воспоставувањето и олеснувањето на директниот дијалог на високо ниво помеѓу Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански