Средба на Ахемти со германската амбасадорка Алтаузер

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово имаше средба со германската амбасадорка во Македонија Кристин Алтаузер.

На средбата, како што соопшти партиската прес-служба, разговарале за актуелните политички случувања во Македонија, Евроатланската интеграција, православната албанска заедница во земјата и случајот Монструм.

Клучниот проблем со кои се соочува Македонија, Ахмети истакнал дека е решението на спорот за името, бидејќи, според него, оваа пречка ја држи во заложништво Евроатланската иднина на Македонија и ги влошува меѓуетничките односи врз кои се гради општеството во Македонија.

Тој посочил дека улогата на Германија во овој процес е клучна и ги поканил властите во Берлин директно да се ангажираат во олеснувањето на постигнување решение.

Алтаузер ја истакнала германската поддршка за побрзо решавање на проблемот и дека очекува посветеност од двете страни за надминување на билатералниот спор за името, за што Германија била подготвена да помогне.

Во врска со случајот Монструм, Ахмети го повторил ставот на ДУИ против селективните пресуди и одлуки, и дека бара транспарентност во изведувањето на доказите и меѓународен мониторинг.

За прашањето на православните Албанци во Македонија, тој објаснил дека Албанската православна заедница е во очекување на литургиите на албански јазик во рамките на Македонската Православна Црква. 

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски