Средба Милевски – Мултановски

Од:

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, денеска оствари работен состанок со Амбасадорот на Република Полска во Македонија, Н.Е. Јацек Мултановски.

На средбата, соговорниците разменија мислења околу актуелната политичка криза, евентуалниот излез од истата, но и за останатите политички и општествени случувања во земјата.

Претседателот Милевски на амбасадорот Мултановски му ги пренесе ставовите на ЛДП во однос на моменталната политичка ситуација, уште еднаш упатувајќи апел за смиреност и разумност во овие кризни времиња за државата.

Брзото формирање на нова транспарентна, отчетна и чесна влада, мирниот трансфер на истата и нормализирањето на состојбите се и остануваат приоритети како на ЛДП, така и на целата здружена коалиција, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он