Средба Мицкоски-Трента: Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е интеграција во ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со министерка за одбрана на Република Италија Елизабета Трента и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

„Мицкоски го потенцираше ставот дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација. На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Италијанската Република и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците се согласија дека интeграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на спроведување на реформите кои ќе помогнат во остварување на тие цели.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар