Средба меѓу градоначалникот на Штип и амбасадорот на Холандија

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пламп.

На средбата градоначалникот го запозна амбасадорот со тековната работа на Општина Штип, како на пример почеток на проект за изградба на детска градинка, инфраструктурни подвизи за развој на руралните делови од општината, но и одржување на инфраструктурата во градот, и тоа преку работа на обиколницата, проектот со МЗШВ за изградба на брана и тн.

Во текот на средбата се разговараше за можностите и перспективите коишто Општина Штип ќе им ги обезбеди на младите, како и за предвидените проекти со коишто ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани.

Амбасадорот на Кралството Холандија ги поздрави напорите на новата локална власт да обезбеди рамноправност и инклузија за сите граѓани на општината, како и обезбедување позитивна економска клима за нови, но и за постоечките инвестиции, меѓу кои има и холандски фирми.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена