Средба меѓу градоначалникот Бочварски и претставници на USAID

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со претставници на USAID, меѓу кои и помошник Администраторот на Бирото за Европа и Евро-Азија во USAID Вашингтон, Брок Бирман. Средбата се одржа во просториите на Општина Штип, а на неа присуствуваа и директорот на USAID во Македонија, Дејвид Атебери и директорот на Канцеларија за развој во USAID Македонија, Едвард Гонзалес.

„Ги запознав претставниците на USAID за сите проекти коишто почнуваме да ги реализираме со цел да им обезбедиме подобри услови на нашите сограѓани. Секогаш сакам да научам од подобрите, поразвиените земји од светот и останувам отворен за соработка и во наредниот период,“ истакна градоначалникот Бочварски, којшто ја искористи средбата за да потпише и Декларација против корупција.

„Воедно, потпишав и декларација против корупција, којашто верувам дека е еден убав поттик и за градоначалниците и за сите раководни функционери во Република Македонија да ја потпишат, со што ќе гарантираме дека ќе работиме и чесно и во интерес на сите граѓани во Република Македонија,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Администраторот на Бирото за Европа и Евро-Азија во USAID Вашингтон, Брок Бирман, сподели пред медиумите дека е импресиониран од работата на градоначалникот Бочварски, за којшто рече дека е неверојатно прогресивен и ги поздрави неговите напори и постигнувања во толку краток период.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“