Средба меѓу Бочварски со студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со шест студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново во својот кабинет. Преку програмата Еразмус за практична програма, студентите од Велико Трново во наредните два месеци ќе претстојуваат во општина Штип како резултат на добрата соработка помеѓу Совет на Млади на Општина Штип и Студентскиот Совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново.

На овој состанок присуствуваа и Претседателката на Совет на Млади во Општина Штип, Викторија Кукушев, директорот на Дом на Млади, Горан Трајков и директорката на Центар за социјални работи Штип, Сузана Цветкова.

Четири од студентите ќе бидат ангажирани во Дом на млади, а двајца во Центарот за социјални работи.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на студентите им посака топло добредојде и им посака убав престој во општина Штип.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип