Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски оствари работна средба со министерот за локална самоуправа, госпоѓата Ширет Елези.
На средбата се дискутираше за предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на парламентарните избори закажани за декември оваа година, како и за начините истите да бидат навреме пресретнати и спречени.
Двајцата министри ја изразија својата заложба и подготвеност во рамката на законските овластувања да го дадат својот придонес парламентарните избори да поминат во фер, регуларна и демократска атмосфера, односно отстранување на сите можни притисоци и злоупотреби на администрацијата.
Воедно, се отвори и прашањето за моделот на оценување на администрацијата, ставајќи акцент на нелогичното казнување, при што обострано беа потенцирани забелешките, идеите и предлозите, се со цел овозможување на услови за департизирана и професионална администрација во Република Македонија, во интерес на сите граѓани.
Епилогот од остварената средба е јасен, во Република Македонија опција се само слободни, фер и регуларни избори.