Средба Груевски – Хојт Ји: Според ВМРО-ДПМНЕ политичкото насилство го предизвика физичкото насилство

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска, заедно со Никола Попоски, Никола Тодоров, Трајко Велјановски, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.

„На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа соопштени ставовите за најновите случувања, политичката ситуација и аспектите за излез од нејзе.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека Македонија се наоѓа во длабока политичка криза подолг период и многу работи претходеа на ваквата ситуација, сето ова резултираше со влез на народ во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, но во исто време го осудува и политичкото насилство кое го направи СДСМ врз институциите, деловникот, законите и уставот.

За ВМРО-ДПМНЕ политичкото насилство врз Уставот, законите и деловникот од страна на СДС предизвика гнев, а дополнителна провокација беше и интонирањето на албанска химна во македонското собрание. Сето тоа заврши со нелегален обид за избор на претседател на собранието надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците, надвор од Деловникот за работа, законите и уставот.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот преседан отвора лоша можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори ваквата процедура и да стане пракса, што би преставувало суспендирање на правниот систем на државата.

Во однос на дебатата во Парламентот беа користени сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија за искажување на ставовите и позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и она што го дава Деловникот.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со наметнување на тиранската платформа која има многу спорни и контраверзни делови опасни за понатамошното функционирање на државата. Нејзиното создавање и прифаќање по одржаните декемвриски избори за голем број на граѓаните преставува голема изборна измама.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најдобар и најбрз начин да се излезе од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори“ се вели во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски