Средба Груевски-Даниелсон

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

Соговорниците, како што информира Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за актуелните политички теми и случувања и предизвиците со кои се соочува земјата, како и за европските интеграции на државата и реформската агенда поврзана со нив.

Груевски посочил дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ претставува нормализирање на политичката ситуација, внесување сигурност кај граѓаните и враќање на напредокот и економскиот просперитет.

– ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува процесите кои значат унапредување на стандардите во секоја област и притоа секое решение важно за иднината на државата треба да биде базирано на волјата на граѓаните, истакнал Груевски на средбата.

Во однос на изборите, Груевски посочил дека актуелната влада има легитимен мандат до 2018 година и оти партијата ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано, доколку опозицијата изрази подготвеност да излезе и да се соочи со граѓаните.

Груевски нагласил дека во меѓувреме ќе се продолжи со работите и активностите кои ќе значат зголемување на довербата и кредибилноста на изборниот процес.

Во однос на интегративните процеси, Груевски истакнал дека стратешки интерес на државата претставува членството во ЕУ и НАТО.

Кога станува збор за европските интеграции Груевски истакал дека во периодот што следи ќе има интензива агенда во поглед на исполнување на сугестиите од извештајот на Прибе и продолжување на реформите кои, како што се наведува, значат подигнување на стандардите во повеќе области, како што е судството, безбедносните органи, медиумите и антикорпцијата.

– Тоа е наш силен интерес и преку еден конструктивен процес ќе бидат понудени решенија кои би значеле унапредување на критериумите и принципите на работа во посочените области, изјавил Груевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски