Средба Џафери – Пахор: Ќе продолжи словенечката поддршка на патот кон полноправно членство во ЕУ

Од:

Република Словенија ќе продолжи да Ве поддржува на патот кон полноправно членство во Европската Унија и на тој пат не треба да постојат неправедни условувања кои ќе го кочат процесот, истакна словенечкиот претседател Борут Пахор на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Пахор изразил огромна благодарност за можноста за размена на мислења и за обраќање пред пратениците во Собранието, како израз на пријателство и градење сојузништва особено во тешки и непредвидливи времиња.

Тој, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, ја поздравил државничката мудрост на претходната влада и собраниското мнозинство за надминувањето на сензитивни и тешки билатерални прашања со соседите. Истовремено, му посакал успех на Џафери во текот на мандатот и во донесувањето на претстојните стратешки одлуки за кои, како што рече, ќе биде потребно поголемо општествено обединување.

Џафери на средбата истакнал дека како 30-та земја – членка на НАТО и држава која очекува формално отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, земјата и нејзините институции се подготвени соодветно да одговорат согласно преземените договорни обврски.

Тој изразил задоволство од одржувањето на денешната средба со државник кој доаѓа од пријателска земја и промотор на нашите евроатлански интеграции.

– Интензитетот на билатерални средби на сите нивоа е само уште една потврда за одличните билатерални односи кои се градат и негуваат со години, се потенцира во соопштението.

Џафери упати благодарност за поддршката во клучни моменти од нашата понова историја, а особено во време на кризи кога Словенија ја понуди својата помош со испраќање тимови на нашата јужна граница за справување со бегалската криза и актуелно, со медицински тим и заштитна опрема за справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Претседателот на Собранието ја поздрави иницијативата на Пахор за Брдо-Бриони процесот и визијата за стабилизација на регионот преку регионална соработка, како чекор пред негова интеграција во ЕУ, како и за писмото упатено од страна на Пахор во март оваа година до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со барање за отпочнување на преговорите со земјава и Албанија.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ