Средба Џафери-Церар: Евроинтеграциите на Македонија се во интерес на стабилноста на регионот и Европа

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија: Фросина Ташевска-Ременски, Шпреса Хадри, Лилјана Поповска и Неџбедин Каремани.

Џафери, на почетокот на средбата нагласи дека Република Словенија е првата држава која воспостави дипломатски односи со Република Македонија и која беше наш прв промотор во Обединетите нации и изрази благодарност за поддршката на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Тој ги реафирмираше заложбите за реформските процеси во законодавниот дом во приоритетните области, како и за преземените чекори во насока на подобрување на добрососедските односи, поконкретно, потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и значајното интензивирање на комуникацијата со Република Грција. Во таа насока, претседателот на Собранието ги повтори очекувањата Извештајот за напредокот за 2017 година на Европската комисија овојпат да содржи безусловна препорака за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и дека меѓународната заедница ќе ги вреднува постигнатите реформи за земјата да стане полноправна членка на НАТО.

Премиерот на Република Словенија, Церар, ја потврди искрената и силна поддршка која Република Словенија во континуитет ја дава за евроинтеграциските процеси на Република Македонија и објасни дека смета дека тоа е во интерес на стабилноста на регионот и на Европа воопшто. Тој нагласи дека кај европските лидери постои подготвеност да направат чекор напред за придвижување на евроинтегративните процеси за земјите од Западен Балкан, со јасна декларираност за нивната европска перспектива.

Соговорниците беа согласни за значењето на парламентарната дипломатија во унапредувањето на односите меѓу земјите и во рамките на меѓународните мултилатерални организации, особено за потребата од интензивирање на билатералната соработка меѓу Парламентите на Република Македонија и Република Словенија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети