Средба Дураки-Хамер: Швајцарија и Македонија ја прошируваат соработката

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска имаше средба со Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при швајцарската амбасада на која станало збор за проширување на соработката преку финансирање нови проекти.

На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, биле разменети информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина.

– Во разговорите акцент беше ставен на заедничките проекти за заштита на природата и водите кои во изминативе години успешно се реализираа и донесоа видливи резултати. Разговорите се водеа и во насока на проширување на соработката преку финансирање на нови проекти од страна на Швајцарската Конфедерација, како и соработка на други полиња поврзани со заштитата на животната средина, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нереди во Швајцарија: Демонстранти ја попречувaа полицијата да му помогне на повреден малолетник

Горан Наумовски

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Швајцарија ја победи Колумбија на пенали

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on