Средба Димитров-Саливан: САД ја поддржува Македонија да стане нова членка на НАТО

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, се сретна со заменикот државен секретар на САД, Џон Саливан кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беа потврдени партнерските односи меѓу двете земји и натамошната силна поддршка на САД за евроатлантските перспективи на Република Македонија.

Димитров се осврна на актуелната, завршна фаза од процесот на имплементација на Договорот од Преспа и предизвиците на тој пат, нагласувајќи дека „неговото успешно спроведување ќе ја потврди одлучноста на Македонија да биде стабилен, предвидлив и партнер способен самостојно да се справува со предизвиците“. Тој додаде дека покрај конструктивниот пристап кон соседите, Република Македонија, изминатиов период, вложува силни напори да прерасне во вистинска европска демократија преку реформи за градење одговорни институции, слободни медиуми и владеење на правото.

Заменикот државен секретар Саливан истакна дека целта на неговата посета е да ја реафирмира американската поддршка на историскиот пат на интеграцијата на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој ја поздрави храброста и одлучноста при решавањето на спорот околу името со Грција, како и конструктивниот пристап во односите со сите соседи, изразувајќи увереност дека Република Македонија набргу и заслужено, ќе стане следна нова членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Нов Зеланд бара од САД танкери со гориво поради војната на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“

Аксиос: Како Хамнеи постигна двонеделно примирје со Трамп?

Иран: Преговорите со САД започнуваат во Пакистан со целосна недоверба кон американската страна

„Вашингтон пост“: Тврдењата на Хегсет за војната во Иран не се совпаѓаат со реалноста

Горан Наумовски