Средба Димитров – Галовеј: Лондон останува посветен на поддршка на реформска агенда на земјава

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј, која истакна дека Велика Британија останува посветена на поддршката на Северна Македонија на нејзината реформска агенда во клучните области.

– Спроведувањето на реформите во насока на забрзување на процесот на ЕУ интеграцијата е во тесна корелација и со приоритетите на Обединетото Кралство за Северна Македонија во светло на развојот на економијата, доброто владеење и владеење на правото, преку заеднички проекти, наглчси Димитров.

Како што соопшти Секторот за европски прашања, во тој контекст соговорниците се согласија дека во наредниот период ќе се пристапи кон зајакната координација на донаторската заедница и другите чинители во Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров изрази благодарност за досегашната помош и поддршка која Обединетото Кралство ја има обезбедено за нашата земја, особено за помошта и поддршката во справувањето со кризата предизвикана од КОВИД 19.

За време на разговорот Димитров ја потврди и посветеноста во исполнувањето на нашите обврски кои произлегуваат од членството во НАТО, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ