Средба Дескоска-Жбогар: Приоритет е приближување на квалитетот на образованието на ниво на членките на ЕУ

Од:

Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Министерката Дескоска, го запозна евроамбасадорот со реформските заложби на Владата на Република Македонија за квалитетно и достапно образование, почитување на законите и унапредување на меѓународната соработка. Дескоска, за време на средбата, истакна дека еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука е приближување на квалитетот на образованието во земјава со образованието во земјите членки на Европската Унија, како и искористување на ИПА фондовите кои и стојат на располагање на Македонија.

Амбасадорот на ЕУ, Жбогар истакна дека Унијата ги поддржува реформиските процеси кои ги презема Владата на Република Македонија во полето на образованието, напоменувајќи дека тие се вистински партнер на земјава во нејзините евроатлантски аспирации.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска