Средба Ахмети-Тимоние

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние на која разговарале за ситуацијата во државава и регионот и за итната потреба за решавање на политичката криза, соопшти ДУИ по средбата.

Ахмети го информирал амбасадорот Тимоние дека побарал од релевантните парламентарски партии да започнат дијалог со цел да се постигне компромис и што побрзо да заврши конституирањето на Собранието, како почетна точка за решавање на кризата.

Во соопштението се наведува дека претседателот на ДУИ го информирал францускиот амбасадор дека со заедничката декларација не се прекршува уставниот поредок или карактер и е во целосна согласност со Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија, како и дека претставува резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии.

– Ахмети повтори дека Иванов и другите политичари не се осмелуваат политичката да ја претворат во етничка криза и максимално треба да се воздржат од поттикнување омраза меѓу двете етнички заедници, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ