Средба Ахмети-Орав

Од:

Добрососедските односи, решавање на прашањето за името и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ се дел од темите на кои денеска дискутираа претседателот на ДУИ Али Ахмети и евроамбасадорот Аиво Орав.

На средбата во седиштето на ДУИ во Тетово, Орав на Ахмети му честитал за постигнатиот резултат на изборите, што се одржаа на 27 април и за спроведувањето на изборниот процес.

– Започнатите разговори на двете страни кои добија апсолутен легитимитет, кај двете етнички заедници, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, се започнати и се развиваат во правец на хармонизација на изборната платформа и на видувањата за иднината на земјата, како и земање на поголема одговорност во овој мандат, се вели во соопштението од ДУИ.

Албанските граѓани, нагласил Ахмети на средбата, правилно ја проценле платформата на ДУИ и приоритетите на партијата за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, за помирување, за зближување, за добрососедски и меѓуетнички односи и за економскиот развој.

Евроатлантските интеграции се приоритет на ДУИ и затоа Ахмети ги повикал властите во Брисел и Вашингтон за да се забрза овој процес, во пресрет на самитот на НАТО во септември.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански