Средба Ахмети – Лалакос

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија Харис Лалакос, со кого разговарале за политичките случувања во двете земји и во регионот како и за евроатланската интеграција на Македонија и спорот околу името.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети го повторил ставот дека Демократската унија за интеграција бара вклучување на Брисел во решавањето на последната афера со прислушувањето во Македонија со цел да се добие веродостојност на процесот.
Околу прашањето за името, како што се наведува, Ахмети ги изразил очекувањата дека новата влада во Атина ќе се вклучи директно во надминување на спорот што не држи далеку од НАТО и ЕУ.

– ДУИ поддржува директни преговори што е можно поскоро помеѓу Македонија и Грција со цел да се реши овој проблем кој би ни овозможил непосредно членство во НАТО и започнување на преговорите за членство во ЕУ. Ова е единствената опција за нашата земја која ќе ни обезбеди одржлив мир, стабилност и безбедност како и ќе овозможи економски развој во земјата заедно со добри меѓуетнички и соседски односи, стои во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански