Средба Ахмети-Курц: Поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со премиерот на Австрија Себастијан Курц, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.

– Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех – евроатланската интеграција, истакнал Ахмети.

Тој се заблагодарил за искажаната поддршка и ветил дека ДУИ со посветеност ќе работи за реализација на договорот и за понатамошно реформирање на општеството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик